Ирак

Ракетирана амбасадата на САД во Багдад

08.12.2023 19:09

Портпаролот на американската војска го потврди инцидентот...

Најмалку три ракети се истрелани врз американската амбасада во Багдад, лоцирана во силно обезбедената зелена зона. Портпаролот на американската војска го потврди инцидентот. Рече дека објектот не е погоден, а ракетите паднале во непосредна близина.

Ова е прв напад по октомври кога проиранските вооружени групи извршија десетици напади со дронови и ракети.