За стопанството воведен македонски модел на дуално образование
По германскиот модел по пет години, во прилепското електромашинско училиште, воведен и македонски модел за потребите на стопанството. Сè уште недостасуваат заварувачи и машинобравари.

По примерот на германскиот модел за дуално образование, македонските компании побрзаа да побараат профили за пазарот на трудот и според македонски модел за дуалното. Прилепското електромашинско училиште, лидер за германскиот модел ги привлече компаниите кои гласно кажуваат кои профили им се неопходни. Главно од машинската струка.
Пазарот на трудот кај нас и во странство е гладен за профилите од електро и машинската струка. Засега прилепското училиште ги задоволува потребите, но чека одобрение за нови занимања, актуелни на пазарот – машинобравар и заварувач.
Младите кадри брзо се приспособуваат на барањата на пазарот на трудот.
Елизабета Митреска
