Врвна технологија во фудбалот!
Дали топката ја минала гол линијата, дали е погодок или не е, такви дилеми на Светските првенства веќе нема да има. Отсега за сите спорни ситуации на гол - линијата ќе решава новата технологија. „Гол контрол“ е систем составен од 14 камери, по седум за секој гол, којшто благодарение на суперсензори и на компјутери без грешка ќе покаже дали топката со цел обим е зад гол линијата.

Овој систем нема намера да ги замени судиите, туку само да им помогне и олесни во нејасните ситуации. Нема ниту опасност дека гол - технологијата ќе влијае на темпото на играта, туку само на регуларноста, што е и целта. За само една секунда судиите на својот специјален часовник ќе добијат информација дали е гол или не и таа можат, но и не мораат да им ја покажат на фудбалерите...
Првпат на миндијалите судиите ќе користат и спреј за да обележат од каде треба да се изведе слободниот удар и каде треба да биде поставен живиот ѕид. Поради високите температури и големата влажност во Бразил, судиите во договор со лекарите на репрезентациите, ќе смеат да дозволат два или три тајм - аута во текот на натпреварот и тоа за освежување.