Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

09.12.2023 07:47

Ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Времето наутро во Македонија, ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.

Во Скопје наутро студено со ниска облачност, а потоа сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.