ОН

САД ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност во ОН за прекин на огнот во Газа

09.12.2023 09:19

Резолуцијата беше предложена од Обединетите арапски емирати, а коавтори се 97 земји членки

САД ставија вето на резолуцијата во Советот за безбедност во Обединетите нации, со која се повикуваше на моментален прекина на огнот во Појасот Газа.

Резолуцијата беше предложена од Обединетите арапски емирати, а коавтори се 97 земји членки. И генералниот секретар на светската организација Гутереш повика на итен прекин на огнот во Газа, осудувајќи го, како што го нарече, колективното казнување на палестинскиот народ.

Нацрт-резолуцијата доби 13 гласови „за“, еден воздржан – од Велика Британија и еден против, всушност вложеното вето од САД.