Русија

Русија продолќува да употребува стратешки бомбардери врз Украина

09.12.2023 09:34

Ракетите биле истрелани од руската област Саратов, но тие украинските власти, тврдат дека не ја постигнале целта и не стигнале до градот.

Русија ја продолжи употребата на стратешки бомбардери за напади врз Украина за прв пат по повеќе од два месеца, соопшти воениот командант на Киев. Истакна, дека руските сили продолжиле со воздушните напади со крстосувачки ракети од авиони ТУ-95 мс. Ракетите биле истрелани од руската област Саратов, но тие украинските власти, тврдат дека не ја постигнале целта и не стигнале до градот.

Биле уништени само неколку куќи во предградието на три милионски град, од урнатините брановите на експлозиите.

Според украинските воздухопловни сили, пресретнати се 14 крстосувачки ракети, од вкупно 19 истрелани.