Фудбал – СП Бразил 2014

8 дена – 8-ка за Германија!

04.06.2014 11:30

Покрај тоа што е најуспешна со пет титули, репрезентацијата на Бразил е единствената што учествувала на сите Светски првенства во фудбал. Веднаш до неа, според оваа статистика е Германија, којашто има седумнаесет настапи. Германците не беа на елитниот фудбалски собири само на првиот во 1930-та и на оној по Втората светска војна во 1950-та година.

На 20-от мундијал Германците ќе дојдат со серија од осум по ред пласмани во четвртфиналето. Последен пат Германија не играла во завршницата во 1978-та година во Аргентина, но тогаш најдобрите од втората фаза по групи влегуваа директно во финалето. Само на еден шампионат Германците не се пласираа во нокаут фазата и тоа кога во 1938-та година беа елиминирани во првото коло.