МВР

Приведени двајца крадци во Гостивар

09.12.2023 12:37

Полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.З.(40) од с. Вруток, гостиварско и А.К.(42) од Скопје, со престој во Гостивар.

Вчера во 11.40 часот и во 13.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.З.(40) од с. Вруток, гостиварско и А.К.(42) од Скопје, со престој во Гостивар.

Тие се сомничат дека на 07.12.2023 извршиле тешка кражба во угостителски објект во Гостивар, од каде одзеле пари. Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.