Заврши скрининг-процесот за Македонија
Заврши скрининг-процесот за Македонија. До крајот на годината се очекува доставување на клучните документи кои се обврска од преговарачката рамка за пристапување на земјава во членство во Европската унија. Уставните измени остануваат единствен предуслов за да продолжиме напред, велат од Влада.

ЕУ го заврши длабинскиот скрининг-процес за степенот на приближност кон европското законодавство и стандарди на земјава. До крајот на годинава треба да бидат доставени до европската комисија клучните документи: патоказите за владеење на правото, реформа на јавната администрација и акцискиот план за заштита и унапредување на правата на малцинствата и заедниците. Патот за успешна евроинтеграција е трасиран и не смее да се дозволи попречување на процесите оти тоа ќе значи оддалечување на државата од ЕУ, велат од Владата.
„Прифаќањето на уставните измени останува единствен предуслов за да продолжиме напред, затоа од пресудно значење е сите политички актери во земјата да покажат зрелост и да одлучат за општото добро и за просперитетна иднина на нашата држава како членка на Европската Унија. Секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е неодговорна и опасна политичка одлука“, се наведува во владиното соопштение.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е против уставни промени останува на ставот дека нема да поддржи внесување на Бугарите во Уставот.
Ирина Гелевска
