Убиства

Лога очекува брза екстрадиција на Палевски

09.12.2023 16:01

Министерот за правда Лога очекува екстрадицијата на Љупчо Палевски да се изврши релативно брзо. Постапката во Турција почнува иднава недела. Опозицијата лоцира пропусти кај Спасовски.

Министерот за правда Лога очекува, екстрадицијата на првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски, да заврши релативно брзо.

Македонија до Турција ги има испратено сите потребни документи, но брзината со којашто ќе се изврши екстрадицијата ќе зависи од тоа кои правни лекови осомничениот Палевски ќе ги искористи.

Според очекувањата на Лога, Турција од понеделник ќе ги стави во постапка испратената документација за екстрадицијата.

Додека јавноста ја очекува екстрадицијата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Спасовски направил пропуст со истрагата. Според партијата, возилото на убиениот Панче Жежовски во Скопје влегло уште на 24-ти ноември, три дена пред убиството на Вања.

Од СДСМ, пак, сметаат дека Палевски бил близок со структури во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму побараа, лидерот на партијата Мицкоски да објасни за што разговарал на наводните средби со првоосомничениот.

На Палевски, кој се наоѓа во Турција, во земјава веќе му е одреден притвор.

 

Марија Котовска