Економско јакнење на жените од пелагонискиот регион
Новоформираниот Совет за женско претприемништво – Битола, го одржа првиот Форум за жени претприемачи под наслов „Жените во претприемништвото, се клуч за економски развој и одржлива иднина“, целта на овој форум е вмрежување, здружување и разменување на добри практики и знаења, како и поттикнување на поголем број жени да станат претприемачи и да водат свои бизниси.

„Жените во претприемништвото, се клуч за економски развој и одржлива иднина“ беше истакнато на првиот форум на Советот за женско претприемништво во Битола. Овој совет ќе ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијалн жени претприемачи и нивно економско зајакнување.
Од националната платформа за женско претприемништво, велат дека интензивно работат на вмрежување, здружување и разменување на добри практики и знаења, со цел поттикнување на поголем број жени да станат претприемачи и да водат свои бизниси.
На Форумот беа претставени успешни приказни на жени од Битола.
Советот за женско претприемништво-Битола е формиран неодамна и е единствен во целиот пелагониско-плански регион.
Александра Максимовска
