Партиски обвинувања за челни места
Џафери на илинденска-Митрески на спикерско место-СДСМ и ДУИ со поддршка за нивните предлози. ВМРО-ДПМНЕ обвини за дуизација-Османи со најава за следната мисија на партијата-претседател на државата да стане Албанец.

Во владејачката СДСМ се чека само потврда од партиските органи за назначувањето на координаторот на пратеничката група, Јован Митрески за нов собраниски спикер, откако Талат Џафери ќе седне привремено во премиерската фотелја на 100 дена пред избори.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, коалицискиот договор на власта меѓу СДСМ и ДУИ го коментира како целосна дуизација на Македонија.
За ДУИ, назначувањето на Џафери за премиер во техничката влада е историски чекор ама интегративците фрлаат око и на претседателката фотелја во вила водно.
„Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по втор пат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот за Албанец да биде претседател на Собранието. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, рече Османи.
Алијанса за албанците без дилеми ќе го гласа Талат Џафери за премиер во техничката влада иако во тоа гледаат симболика.
Џафери и Јован Митрески на новите функции премиерската и претседателската во собранието би требало да бидат назначени на 28-ми јануари. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада со министри, партијата сè уште не одлучила.
Миле Ристески
