Вештачка интелигенција
ЕУ постигна договор за регулирање на вештачката интелигенција
09.12.2023 18:37
По долги преговори, ЕУ постигна договор за клучните правила со кои ќе се регулира вештачката интелигенција.

По долги преговори, ЕУ постигна договор за клучните правила со кои ќе се регулира вештачката интелигенција. Предлозите вклучуваат заштитни мерки за обезбедување квалитет на податоците, кои се користат за развој на алгоритмите.
Со законот би се забраниле слики од интернет или од безбедносни камери, со исклучок кога се трага по осудени лица, забрана на системите класифицирани како високоризични за човековите права, демократијата, здравјето, животната средина.
За прекршување на законот се предвидени санкции.
