Ски-центар

Се прават првите чекори за изградба на ски-центар на Царев врв на осоговските планини

10.12.2023 10:19

Центрите за развој на Источниот и североисточниот плански регион и Министерството за земјоделство го реактивираа проектот за изградба на ски-центар на Царев врв кој треба да биде еден од најголемите на Балканот.

Со средства од Програмата за рурален развој се прави првиот чекор кон изградба на ски-центарот Царев Врв на Осоговските планини. Се планира изградба на модерен ски-центар, еден од петте најголеми на Балканот, изјави министерот за земјоделство.

Општините Македонска Каменица, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово со Меморандум за соработка обезбедија 6 милиони денари од Програмата за рурален развој. До крајот на идната година во план е да се изработи комплетен урбанистички план. Државата ќе работи на јавната инфраструктура, како предуслов за привлекување инвеститори.

Ски-центарот на Царев врв е децениски проект кој стои само на хартија. Со претходните студии беше пресметано дека за да се изгради целосна инфраструктура потребни се 120 милиони евра.

 

Славица Величковска