Продолжува воздушната и копнената офанзива во Газа
Силни експлозии се слушаат во пограничниот град Рафа во јужниот дел на Појасот.

Израелските одбранбени сили ја продолжуваат воздушната и копнената офанзива во Газа. Силни експлозии се слушаат во пограничниот град Рафа во јужниот дел на Појасот. Повеќе од 2 милиони Палестинци се соочуваат со закана од бомбардирање, дури и во области кои израел ги опиша како безбедни зони. Нетанјаху во видео-изјавата се обрати на Нацијат во време кога илјадници израелци излегоа на улиците на Тел Авив, барајќи од владата да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците.
„Израел ќе продолжи со праведна војна за да го елиминира Хамас и да ги постигне останатите цели на војната. И другите земји мора да разберат дека е невозможно да се поддржи елиминацијата на Хамас од една страна, а од друга страна да се повика на прекин на војната, што ќе ја спречи елиминацијата на Хамас“, изјави Нетанјаху.
