Ловниот туризам станува атрактивен

05.12.2013 10:09

Ловниот туризам станува добар бизнис

Ловниот туризам станува добар бизнис во коj се вртат големи пари, и се повеќе странци ги посетуваат македонските ловишта. Особено е атрактивен ловот на крупниот  трофеен дивеч и на прелетните диви птици.

Македонија станува атрактивна ловечка дестинација. Странците ја посетуваат со намера  да уловат див јарец или дива свиња, а особено прелетните диви птици.       

Цените на ловечките трофеи се берзантски и се движат од 3 до 12.000 евра.

Во земјава има 256 ловишта со 130 видови дивеч,од кои под  заштита на државата се 83. Забранети се 33, додека за лов се дозволени 14 диви животни. Од дивите птици,трајно се заштитени 139 видови. 

Девизниот прилив од ловниот туризам влегува во Буџетот, а со комерцијалниот лов на ловџиите се реализира и планираниот годишен отстрел.

Ловството во Македонија е со цел да го зачува дивечот  како националното богатство, да овозможи напредок на руралните средини и промоција на природните вредности.