Плоштадот во Скопје остана без новогодишен сјај
Македонија во сивило пред новогодишните празници. Додека регионот и светот се радуваат за наближување на Новата година, кај нас, само одредени општини поставија елка, но не и главниот град. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска за Македонската телевизија најавија дека денеска ќе почнат да го украсуваат Скопје иако до попладне украсувањето не беше почнато. Инаку познато е дека годинава тоа ќе чини 24 илјади евра. за разлика од кај нас, во регионот веќе може да почувствува празничната магија. а годинава блесна и Киев, иако земјата веќе две години е во војна.

Три недели не делат од дочекот на Новата година, во метрополата засега не се чувствува празнична еуфорија. Божиќен базар нема, а плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот зјаат празни, без елка, светилки и новогодишни украси.
И додека скопјани се во исчекување на плоштадот да светне новогодишната елка, многумина го искористија продолжениот викенд да заминаа во европските престолнини и да ја почувствуваа празничната магија.
На терен ништо не навестува дека Скопје ќе блесне во новогодишен сјај, иако градските власти за МТВ тврдат дека украсувањето на метрополата ќе почне во текот на денот. Граѓаните сакаат градот да биде украсен, по теркот на европските метрополи.
Се надевам дека ќе се сетат и дека ќе направат да изгледа како што треба, сепак е нова година. Се чувствува ли новогодишната атмосфера? – не, овде е тажно воопшто не е новогодишно.
Убави е да биде украсено да се осети таа атмосфера барем колку толку во ова мрачно време барем нешто да не осветли да ни биде убаво. барем една недела да има пред и после нова година ќе биде добро
Луѓе поминуваат, па и туристи има, треба да се одбележи дека е Нова година
Европа веќе е цела украсена, ние малку доцниме.
За украсувањето од буџетот градските власти планираат да потрошат 1,8 милиони денари. Засега нема информации која фирма ќе се погрижи метрополата да светне во новогодишно руво, не откриваат ниту кој ќе ги забавува граѓаните за новогодишната ноќ.
Во регионот веќе се чувствува празничната атмосфера.
Амстердам, Лондон, Рим, Париз, Барселона – се само дел од градовите каде владее вистинска новогодишна магија.
Украси и сијалички блескаат на сите страни. Дури и Киев светна во новогодишен сјај покрај двегодишната војна.
Андријана Ѓурческа
