Одбележан Меѓународниот ден на човековите права
„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“.

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На денешен ден пред 75 години на Генералното собрание на ОН во Париз беше прифатена универзалната декларација за човекови права, која е преведена на повеќе од 500 светски јазици. По повод годишнината се обрати генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. Таа почетна реченица на декларацијата е исто толку важна и денеска како што беше кога беше усвоена пред 75 години. Таа овозможи да се запрат војните, да се излекуваат поделбите и да се промовира живот во мир и достоинство за сите луѓе. Но, светот се губи, конфликтите беснеат. Граѓанскиот простор се намалува, медиумите се на удар од сите страни, потенцира шефот на светската организација.
