Политика

За и контра учество во техничката Влада

10.12.2023 17:03

СДСМ на извршен вечер ќе пресече за челниците на техничката влада – за опозицијата државата е заложник на партиски пазарења, меѓу кои и премиерското столче.

Додека Талат Џафери од собраниската се подготвува да седне во премиерската фотелја, а неговото место да го заземе координаторот на пратеничката група на социјалдемократите Јован Митрески, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Џафери ќе нема легитимитет. Оттаму сè уште се без став дали со свои министри и заменици ќе учествуваат во техничката влада за спроведување на изборите. Социјалдемократите, пак, не сакаат да ја коментираат изјавата од ДУИ дека по премиерот Албанец, следен чекор за нив е претседателската функција.

Според аналитичарот Петар Арсовски, неучеството на опозицијата во техничката влада ќе го намали нејзиниот легитимитет, но вели, тоа не е спорно во услови кога таа и онака треба да замине во историја.

И додека партиската машинерија на големо е забревтана за претстојните избори со комбинаторики за коалицирање и бирање кадри, секој од политичките субјекти е убеден дека ќе ја однесе победата.

 

Миле Ристески