Египет

Претседателски избори во Египет

10.12.2023 18:30

Очекувањата се дека актуелниот шеф на државата, Абдел Фатах Ал Сиси ќе освои трет мандат.

Претседателски избори во Египет. Очекувањата се дека актуелниот шеф на државата, Абдел Фатах Ал Сиси ќе освои трет мандат.

Клучни предизвици за него ќе биде справувањето со инфлацијата, недостигот од девизи и напорите да спречи конфликтот меѓу Израел и Хамас да се прелее во Египет.

Се гласа три дена, а резултатите ќе бидат објавени на 18-ти декември.