Двајца охриѓани одгледувале марихуана во кампот „Андон Дуков“
Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле казнено дело...

Педесет и една садницa од растението „Канабис Сатива“ се пронајдени и се одземени при акцијата на охридската полиција во авто-кампот „Андон Дуков“.
Kако што информираат од СВР Охрид, во викенд куќа во кампот, затекнати се и се приведени двајца охриѓани.
На терасата од куќата еден од уапсените со пластично шише се обидувал да ги навади садниците. Притоа пронајдени се 31 импровизирани саксии со вкупно 38 растенија додека, четири саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата.
Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.
