Ин мемориам
Почина Митко Куновски, академски сликар и долгогодишен соработник на МРТ
10.12.2023 18:58
На 91-на годишна возраст, по кратко боледување почина Митко Куновски, академски сликар и долгогодишен соработник на Македонската радио-телевизија.

На 91-на годишна возраст, по кратко боледување почина Митко Куновски, академски сликар и долгогодишен соработник на Македонската радио-телевизија при продукцијата на анимирани и документарни филмови и серии за деца.
Куновски учествуваше во изработка на цртана серија на македонски народни приказни, собрани од Марко Цепенков, како и во изработка на документарна програма како дел од тимот на „Вардар филм“.
Со документарни филмови, тој ја претставувал МРТ на фестивалите во Порторож и Москва.
