Македонскиот каратист Стојановиќ го освои сребрениот медал во У21 Светската лига
Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ постигна голем успех на последниот турнир од серијата во Светската младинска карате лига што викендов се одржуваше во Венеција.

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ постигна голем успех на последниот турнир од серијата во Светската младинска карате лига што викендов се одржуваше во Венеција, освојувајќи го сребрениот медал во категоријата над 84 килограми.
Каратистот од најтрофејниот македонски карате клуб „Макпетрол“ на патот до финалето во Светската лига за помлади сениори, ги совлада Михаил Бистричанов од Бугарија, (2-0), Амир Зуауи од Франција (3-2), Жоакин Маркез Санчез од Венцуела (1-0) и Германецот Николаи Секот (2-1).
На Светската лига во Венеција беа пријавени рекордни 4.133 натпреварувачки влезови од 81 држава.
Фото: Фасебоок
