Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
11.12.2023 08:17
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми...

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд.
Во Скопје сончево време, попладне со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе биде значително облачно со услови за слаб дожд.
