Влада

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ

11.12.2023 08:21

На настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.

На настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

Како што најавуваат од владината прес-служба, по завршувањето на настанот планирани се изјави за медиумите.