мвр
267 санкционирани возачи во Скопје, 128 за брзо возење
11.12.2023 08:39
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 267 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 мерка за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
