36 македонски граѓани тежат 4 милијарди долари
04.06.2014 13:14
Според анализата на „Велт- икс“ лани македонскиот клуб на богатите се зголемил за само еден...

Вкупно 36 македонски граѓани се мултимилионери и заедно тежат 4 милијарди долари. Посебно, сите имаат богатство од над 30 милиони американски долари.
Според анализата на „Велт- икс“ лани македонскиот клуб на богатите се зголемил за само еден, а земјава е на 42-ро место од 45 европски држави по екстремно богати граѓани.
Во регионот, Србија има 100 богаташи, а Хрватска 280. Бројот на милионерите расте на светско ниво, а дури и во Грција, каде што среде економска криза се појавиле уште 50 богаташи.
