УХМР

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

11.12.2023 09:12

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Попова Шапка, шест сантиметри, а во Крушево, три сантиметри.

Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус четири степени, а најтопло е во Дојран, пет степени.

Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје- Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден во Штип, Крива Паланка, Кавадарци. Нула степени се измерени во Велес, Претор, Виница, еден во Дебар и два степени во Гевгелија.

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Попова Шапка, шест сантиметри, а во Крушево, три сантиметри.

Според УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар – шест литри на квадратен метар, три во Охрид и Претор, два во Крушево и еден литар на квадратен метар во Битола и во Маврови Анови.