САД

Зеленски утре на средби во Белата куќа

11.12.2023 10:21

Целта на посетата во Вашингтон е да се нагласи непоколебливата посветеност на САД за поддршка на Киев, во одбраната од бруталната руска инвазија...

Украинскиот претседател Зеленски, утре на средби во Белата куќа на покана на неговиот колега Бајден. Целта на посетата во Вашингтон е да се нагласи непоколебливата посветеност на САД за поддршка на Киев, во одбраната од бруталната руска инвазија. Клучните теми-одбранбената соработка меѓу САД и Украина, заедничките проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана и координација на напорите на двете земји за наредната година.

„Имаме закажани состаноци и преговори со претседател Бајден, конгресот, за важни работи. Секој ден, секој час го користиме за да и дадеме повеќе на Украина, на нашиот народ повеќе можности, повеќе заштита и повеќе сила“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.