САД
Трамп нема да сведочи по вторпат на судењето за граѓанска измама во Њујорк
11.12.2023 10:26
Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, решил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк. На својата социјална мрежа напиша дека минатиот месец многу успешно сведочел и не гледа потреба за повторно појавување.
Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната, во случајот кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен.
