25 години од крвавите протести на Тјананмен- Пекинг со зголемени мерки за безбедност
Властите се обидуваат да го спречат сеќавањето на демонстрациите кои беа насочени кон Владата. Образложението на официјален Пекинг е дека студентите правеле контрареволуција...

За 25-годишнината од крвавите студентските протести на плоштадот Тјенанмен, полицијата во Пекинг ги зголеми безбедноста и контролите и превентивно ги приведе дисидентите.
„Забранет е споменот на 4-ти јуни. Никој не смее да разговара за тоа“, вели Ли Чек Јан, демонстрант.
Властите се обидуваат да го спречат сеќавањето на демонстрациите кои беа насочени кон Владата. Образложението на официјален Пекинг е дека студентите правеле контрареволуција. Четириесетдневните мирни протести преминаа во жестоки судири, Владата нареди задушување на продемократскот движење, се пукаше во цивили, а точниот број на загинати не се знае ниту по 25 години.
„Членови на моето семејство беа убиени на 4-ти јуни од претставници на власта. Тоа што се случи е голема трагедија, проблем кој мора да се реши со законска мерка“, смета Занг Хианлинг.
Фотографот Џеф Вјаденер или попознат како „човекот пред тенкот“ е синоним за се што се случувало за време на демонстрациите.
„Лично сум поврзан со случувањата на плоштадот Тјенанмен, бев сведок на се што се случуваше“, вели Џеф Вајденер, фотограф.
Кинеската Влада во пресрет на годишнината ја забрани употребата на пребарувачот Гугл, се уште не се знае дали мерката е привремена но блокадата трае 4 дена. Забранети се и ЈУТЈУБ, Фејсбук и Твитер.
Марија Петковска
