Кумановчанец вработен во АРМ велес Велес бесправно присвојувал муниција

04.06.2014 13:41

Ја оштетил армијата за 75 илјади и 600 денари. СВР Велес му поднесе кривична пријава...

Кумановчанец, вработен во магацинот на АРМ во Велес бесправно присвојувоил 6 илјади и 300 парчиња муниција со калибар 7,62 за автоматска пушка кои подоцна ги продавал. Со тоа ја оштетил армијата за 75 илјади и 600 денари. СВР Велес му поднесе кривична пријава.

„За време на  извршување на работните обврски во повеќе наврати изнесувал парчиња муниција во помала количина, споменав дека делата ги извршувал во подолг временски период односно од септември 2013 до март 2014 година. При контрола од АРМ, односно при вршење попис констатирано е дека има недостаток на муниција и веднаш е пријавено во СВР Велес“, изјави Анита Стојковска, потпарол на СВР Велес.