Политика

Спасовски: Кога ќе дојде моментот, ќе го кажам својот став дали ќе се кандидирам за претседател

11.12.2023 13:40

На лидерската средба минатата недела партиите се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24-ти април следната година, а на 8-ми мај, заедно со вториот круг претседателски избори да се одржат и парламентарните избори.

Прашањето за кандидат на СДСМ на претстојните избори за претседател на државата е партиска работа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Спасовски.

„Тоа не се отворени теми ниту, пак, теми за јавност, за тука. Тоа се партиски теми и кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, одговори Спасовски на новинарско прашање.

На лидерската средба минатата недела партиите се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24-ти април следната година, а на 8-ми мај, заедно со вториот круг претседателски избори да се одржат и парламентарните избори.

Името на Спасовски сè почесто во јавноста се спомнува како кандидат за шеф на државата.