Политика

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон, нема да има импровизации

11.12.2023 14:23

На 28-ми јануари ќе се гласа за состав на техничката влада. Премиер Талат Џафери, собраниски спикер Јован Митревски-владејачкото мнозинство ги утврди предлозите. ВМРО-ДПМНЕ ќе решава дали ќе учествува со свои министри и заменици...

Нема да има импровизации во техничката влада, законски се регулирани ресорите кои ги добива опозицијата, а кои мнозинството на 100 дена пред одржувањето на изборите, вели Премиерот Ковачевски според кој сè друго фрлило дамка на изборниот процес. Тој рече оти ќе ја исполни својата обврска, ќе поднесе оставка за на негово место да седне спикерот Џафери кој ќе ја предводи третата пржинска Влада. Ковачевски со апел до ВМРО-ДПМНЕ да го исполни својот дел и да предложи кадар кој ќе раководи со министерствата во техничката влада.

ВМРО-ДПМНЕ треба да назначи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и заменици во четири ресори. Дали ќе учествуваат во техничката влада, опозициската партија одлука ќе носи во наредните денови, но ВМРО-ДПМНЕ не се согласува Џафери да ја врши функцијата технички премиер.

Интегративците допрва ќе одлучуваат кој ќе биде нивниот кандидат за Претседател на државата, одлука треба да носат и дали заеднички со СДСМ ќе настапат на парламентарните избори.

Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници. Техничката влада има задача да организира фер и демократски парламентарни избори. Емил Димитриев беше прв премиер Оливер Спасовски, втор, а Талат Џафери ќе биде третиот премиер на чело на техничката Влада.

 

 

Викторија Милевска