РКЕ

Горивата поевтинуваат за два денари

11.12.2023 14:29

Цената на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари/литар, додека Еуросупер БС – 98, ќе чини 78,5 денари/литар. Дизел горивото ќе се продава за 74 денари/литар...

Малопродажните цени на бензините и дизелот, како и на екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се намалуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари/литар, додека Еуросупер БС – 98, ќе чини 78,5 денари/литар. Дизел горивото ќе се продава за 74 денари/литар, додкеа екстра лесното малсо за горење ќе изнесува 73 денари/литар. Мазутот ќе чини 40,5 денари/килограм.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.