Украина

Краток и интензивен разговор меѓу Зеленски и Орбан

11.12.2023 14:30

Зеленски утре заминува на средби во Белата куќа на покана на неговиот колега Бајден. Претходно, Зеленски имал кус, но жесток разговор со унгарскиот премиер Орбан...

Украинскиот претседател Зеленски утре заминува на средби во Белата куќа на покана на неговиот колега Бајден. Целта на посетата во Вашингтон е да се нагласи непоколебливата посветеност на САД за поддршка на Киев во одбраната од бруталната руска инвазија, во време кога Сенатот ја блокира натамошната помош. Претходно, Зеленски имал кус, но жесток разговор со унгарскиот премиер Орбан, најверојатно за европските прашања во пресрет на самитот на ЕУ неделава.

Шефот на дипломатијата, Борел, повика блокот да ја засили поддршката за Киев, бидејќи Унгарија се заканува да стави вето.