Енергетика: Да се користи комбиниран модел од различни енергетски извори
Како до поголема заштеда на електричната енергија, ефикасност на компаниите и поевтина испорака на струјата. Врвните компании во енергетиката, на саемот во Келн, ги презентираа најновите иновации...

Пребрзото зголемување на производството од обновливите извори на енергија и принудното напуштање на нуклеарната, предизвика смртоносен микс кој ја уништува довербата и профитите на најмоќните енергетски компании.
Експертите во Келн излегоа со проценка дека загубите на трие најголеми германски енергетски компании надминале 200 милијарди евра. Државните субвенции на одржливите извори предизвикаа хаос во цените и испратија лош сигнал за идните инвестиции во енергетскиот сектор.
Иако европејците декларативно ги форсираат обновливите извори на енергија, сепак најголемите пари ги насочуваат во модернизација и изградба на термо централи со ниска емисија на стакленични гасови.
Енергетичарите се залагаат за комбиниран модел за користење на различни енергетски извори. Експанзијата на ветерната енергија мора да биде следена и со користење на модерни гасни турбини.
Свето Николовски, специјален дописник од Келн за МРТ
