Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
12.12.2023 08:10
Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност...

Претпладне во северозападните и источните делови со услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
