Полска

Доналд Туск избран за нов премиер на Полска

12.12.2023 08:50

Туск стана премиер откако претходно долниот дом на полскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Моравјецки...

Полскиот парламент го избра Доналд Туск, лидерот на центристичката партија граѓанска платформа за нов премиер, по осумгодишното владеење на партијата право и правда на претходниот премиер Матеуш Моравјецки. Туск стана премиер откако претходно долниот дом на полскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Моравјецки.

Туск беше избран за премиер речиси два месеци по парламентарните избори, со помош на коалициските партнери, меѓу кои се и левичари и умерени конзервативци.