ММФ одобри 900 милиони долари за Украина
Ова е втора ревизија на кредитната програма за Украина...

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз државата. Ова е втора ревизија на кредитната програма за Украина.
И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија, очекувам продолжување на закрепнувањето, рече шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева. Украинскиот претседател Зеленски е во посета на САД. Се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и началникот на здружениот генералштаб, генерал Чарлс Браун.
Денеска во Белата куќа треба да разговара со американскиот претседател Бајден.
