Шест месеци затвор за Ален Зекиров

04.06.2014 14:41

Судењето против Зекиров траеше неколку години...

Шест месеци затвор за полицаецот Ален Зекиров, екс телохранител на директорот на УБК, за сообраќајната несреќа која се случи пред пет години на булеварот Партизански одреди, во која смртно настрада скопјанецот Симо Серафимовски.

Судската одлука во кривичниот суд ја слушнаа само новинарите. Зекиров, неговиот бранител, обвинителот и семејството на починатиот не беа присутни во судницата.

Судењето против Зекиров траеше неколку години. На почетокот од судскиот процес судењата се одложуваа, бидејќи на неколку од нив Зекиров не се појавуваше на судење, а крајот од постапката заглави поради судските вештачења, односно се појавија контрадикторности во делот дали починатиот Серафимовски го туркал или го возел велосипедот кога го минувал пешачкиот премин.

Ален Зекиров во текот на целата постапка тврдеше дека не е виновен и му се извини на семејството за несреќата во која настрада Серафимовски.