САД
Се урна дел од шесткатна зграда во Бронкс
12.12.2023 09:09
Засега нема извештаи за загинати или повредени, но пожарникарите сè уште го расчистуваат теренот и трагаат по луѓе кои можеби се заробени под урнатините...

Дел од шесткатна зграда се урна во Бронкс во Њујорк. Засега нема извештаи за загинати или повредени, но пожарникарите сè уште го расчистуваат теренот и трагаат по луѓе кои можеби се заробени под урнатините.
Причините за несреќата сè уште не се познати. Зградата датира од 1927-ма година и на неа се вршеле поправки на фасадата.
