Партии

СДСМ: ДПМНЕ е гнездо на подземје и криминал со дрога

12.12.2023 09:16

Од партијата додаваат дека ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чуствуваат безбедно. Прашање е ако ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата, дали тие?

Од политичка партија, ДПМНЕ прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога, а Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје, соопштуваат од владејачката СДСМ.

Од партијата додаваат дека ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чуствуваат безбедно. Прашање е ако ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата, дали тие?

Лицемерно, ДПМНЕ е гордее со своите конзервативни вредности, а од друга страна е гнездо на структури, кои претствауваат закана за државата, опасност за сите, а особено за најмладите, стои во соопштението од СДСМ.