Фудбал-СП Бразил

Премиер лигата се сели во Бразил

04.06.2014 14:48

32-те репрезентации учеснички на најголемиот фудбалски собир ги пријавија своите состави по што следуваат интересни анализи...

Најмногу од  736-те пријавени фудбалери што ќе ги бранат репрезентативните бои на СП во Бразил на клубско ниво настапуваат во англиската Премиер лига, дури 119, а германскиот првак Баерн во Бразил го испрати речиси комплетниот состав, во 9 репрезентации баварците партиципираат со 15 играчи.

Манчестер Јунајтед од своите редови на мундијалот ќе биде претставен од 14 фудбалери, Барселона со 13, а Челзи, Јувентус и Реал(Мадрид) со по 12 играчи.Покрај 119-те играчи  кои настапуваат во Премиер лигата,од  најсилните првенства во Бразил ќе настапат 82  фудбалера од италијанското Калчо, 79 од Бундес лигатаи 65 од шпанскиот шампионат.