Струјата ќе поскапи за 27% ако се прифатат барањата на енергетските компании
Енергетските компании ги поднесоа пресметките. Доколку целосно се прифатат нивните барања, струјата ќе поскапи за 27%. Бислимоски уверува дека пристапот до мрежа нема да биде нов трошок за потрошувачите...

Енергетските компании ги поднесоа пресметките. Доколку целосно се прифатат нивните барања, струјата ќе поскапи за 27%. Регулаторна комисија за енергетика ќе анализира.
„Според нашите првични пресметки, доколку се прифатат барањата од сите, зголемувањето на електрична енергија би изнесувало 27%. Од сега Регулаторна навлегува во анализи на барањата и очекувам дека до крајот на следна недела ќе ги донесеме цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организирање на пазарот и за Електродистрибуција за дистрибуција на енергијата до потрошувачите. Потоа универзалниот снабдувач ќе достави цена која треба да ја помине контролата во РКЕ, а потоа нашата одлука ќе биде обврзувачка за нив“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Бислимоски уверува дека пристапот до мрежа нема да биде нов трошок за потрошувачите.
„Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок“, нагласи Бислимоски.
