26% од европејците поддржуваат прием на Северна Македонија во ЕУ
За членството на Македонија, 26 проценти се за, а 27 против. Ова го покажа истражувањето во шест земји- членки на ЕУ, спроведено пред самитот на Унијата.

Европејците се отворени за пристапување на Украина во ЕУ, но скептични за приемот на државите од Западен Балкан, Грузија и Турција. За членството на Македонија, 26 проценти се за, а 27 против. Ова го покажа истражувањето во шест земји- членки на ЕУ, спроведено пред самитот на Унијата.
Како што пренесува британски „Гардијан“, анкетата покажува дека има поддршка за кандидатурата на Киев. Во Данска, тој процент изнесува 50 насто, во Франција, пак, околу 30. Полска и Данска се најоптимистични дека приемот на Украина ќе ја зголеми политичката моќ на ЕУ во светот, за разлика од Австрија и Германија, кои сметаат дека ќе се случи спротивното.
Старите и новите членки имаат различни позиции за проширувањето- новите го поддржуваат, кај добар дел од граѓаните на Австрија, Германија и Франција постои отпор да се примаат нови членки.
Од регионов, европејците даваат најмала поддршка за членството на Косово.
