Бугарија
Бугарија ги укинува таксите за транзит на руски гас низ нејзина територија
12.12.2023 12:54
Софија ќе ги суспендира таксите за транзит на руски гас што минува низ Бугарија кон Србија и Унгарија...

Софија ќе ги суспендира таксите за транзит на руски гас што минува низ Бугарија кон Србија и Унгарија.
Станува збор за таксите што важат од средината на октомври, а предизвикаа лавина реакции во земјите од регионов, кои го осудија таквиот потег, стравувајќи дека потрошувачите ќе ги платат дополнителните трошоци.
Србија и Унгарија официјално се обратија до Европската комисија во врска со бугарските такси, а реагираше и нашата држава.
