Бадникарска традиција

Избрани новиот бадникарски кум и здравичар

12.12.2023 13:06

Здружението на граѓани коешто ја организира традиционалната прослава на Бадник во Скопје ги претстави новиот кум и здравичар Божидар Јанковски и актерот Анастас Тановски …

Скопските бадникари зачекорија во четвртата деценија спремни за традиционалната дружба и прослава на Бадник. Кумот кој ќе го понесе ќупот е бизнисменот Божидар Јанковски, а здравицата на платото пред Соборниот храм ќе ја каже актерот Анастас Тановски – Таше.

Организаторите велат дека и оваа годинава кумот и здравичарот кои се избрани со своите дела оставиле белег во историјата на главниот град.

В недела напладне во месноста Краста одборот за прослава на Бадник на своите сограѓани ќе им ги претстави кумот и здравичарот, а ќе се сечат и делат бадникови гранчиња. Централната прослава ќе се одржи на 6-ти јануари на платото пред Соборниот храм во центарот на Скопје.

 

Ана Јосифоска Тодоровска