Спасовски: Проектот „Сејф сити“ ќе се проширува и во другите градови и автопатите низ државата

12.12.2023 13:37

За време на посетата на Штип, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на изјавата за медиумите, а по средбите со раководствата на СВР Штип и Регионален центар за гранични работи Исток, беше запрашан дали ќе се проширува проектот „Сејф сити“ и во другите градови...

За време на посетата на Штип, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на изјавата за медиумите, а по средбите со раководствата на СВР Штип и Регионален центар за гранични работи Исток, беше запрашан дали ќе се проширува проектот „Сејф сити“ и во другите градови.

„Во овој момент имаме во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес за надградба на целиот овој систем, кој ќе ги вклучува и автопатите низ државата, а ќе се вклучи електронско утврдување на сообраќајни прекршоци. Идејата е да се проширува, пред сè во големите градови каде има поголема фреквенција на луѓе, а Штип е еден од тие градови. Мора да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е прилично мирно и стабилно, меѓутоа секаде каде имаме видеонадзор доаѓа до подобрување на безбедносната состојба и помага во откривачката дејност. Проектот ќе се проширува и понатаму, со цел да се постигне едно повисоко ниво на безбедност“, истакна Спасовски.