инфраструктура

Бочварски: Северна Македонија напредува со транспортната политика и приближување кон ЕУ

12.12.2023 14:08

Меѓузависноста на нашите земји не поттикнува да спроведуваме мерки и политики што ќе го олеснат транспортот и трговијата и ќе ја зголемат регионалната соработка, како предуслов за заеднички пазар, интеграција и членство во Европската Унија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на Министерскиот Совет кој деновиве се одржува во Скопје...

Меѓузависноста на нашите земји не поттикнува да спроведуваме мерки и политики што ќе го олеснат транспортот и трговијата и ќе ја зголемат регионалната соработка, како предуслов за заеднички пазар, интеграција и членство во Европската Унија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на Министерскиот Совет кој деновиве се одржува во Скопје.

Тој го потенцираше значењето на регионалната соработка, заедничките проекти и инвестициите за развој на коридорите во насока на забрзана интеграција на регионот и приближување до европските стандарди и крајната цел, членство во Европската унија.

„Република Северна Македонија има значителен напредок во усогласување на транспортната политика со законодавставото на Европската унија. Во текот на летото земјава успешно ги заврши билатералните скрининзи со Европската комисија за поглавјата 14 – Транпортна политика и 21 – Транс-европски транспортни мрежи. Силен напредок постигнавме во делот на железничкиот систем каде го донесовме Законот за железнички систем со кој овозможуваме либерализација на железничкиот пазар, забелешка која беше нотирана и во изминатите извештаи на Европската Комисија“, изјави министерот Бочварски.

Дополнително, тој даде и посебен фокус на инвестициите кои државата ги реализира на главните Коридори кои минуваат низ Северна Македонија.

На Министерскиот Совет свое обраќање имаа и директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, Мона Бјорклунд од Директоратот за транспорт при Европската Комисија и министрите за транспорт и инфраструктура од земјите од Западен Балкан.